Амстердам го замени Лондон како главен финансиски центар во Европа

27

Амстердам го симна Лондон од позицијата најголем европски центар за тргување со акции откако Велика Британија го напушти единствениот пазар на Европската унија, а “собра“ и дел од британскиот бизнис со финансиски деривати.

Прометот на главната холандска берза во јануари изнесуваше 9,2 милијарди евра дневно, во однос на 8,6 милијарди евра на Лондонската берза, пренесува Ројтерс.

Минатата година, просечниот промет на берзата во Лондон изнесуваше 17,5 милијарди евра, Франкфурт беше на второ место со 5,9 милијарди, а Амстердам шести со 2,6 милијарди евра.

Берзански експерти велат дека преминот од Лондон во Амстердам најверојатно ќе биде траен, бидејќи Европската унија не покажа знаци дека се откажува од својот став дека со акции деноминирани во евро мора да се тргуваат во Унијата, чиј внатрешен пазар Велика Британија го напушти на први јануари.

Фото: Pixabay