Следната година во главниот град на Холандија, Амстердам, ќе се тестираат бродови што самостојно ќе се управуваат низ каналите. Станува збор за еден вид на роботи коишто ќе можат да пренесуваат луѓе, материјали и намирници без човечка помош.
Проектот е замисла на Институтот за технологија на Масачустетс (MIT), САД, потпомогнат од властите на Амстердам, техничкиот факултет во Делфт, Холандија, и општината на градот Бостон. Истражувачите најавија дека првите вакви возила ќе биде претставени во 2017 година, јавува Reuters.
Иако ќе бидат тестирани различни модели, основниот дизајн наликува на квадрат со подвижна платформа, со големина од речиси два метри од двете страни. Ќе можат да се прилепуваат еден до друг според потребите, како на пример, да формираа привремен мост. MIT досега има донирано 29 милиони долари за проектот што би требало да внесе нов момент во животот на метрополата.
Научниците се надеваат дека овие самоуправувачки возила ќе најдат примена и во други градови сместени близу реки.
Фото: The Verge