Анџелина Џоли продава уметничка слика за над три милиони долари

36

Анџелина Џоли ја продава единствената слика што британскиот воен премиер, Винстон Черчил ја насликал во текот на Втората светска војна. Се очекува уметничкото дело да се најде на аукција каде може да достигна цена од 3,4 милиони долари, пренесува CNN.

Черчил ја наслика сликата по што бил на конференција во Казабланка во 1943 година и му ја дал на американскиот претседател Франклин Рузвелт.

Актерот Бред Пит ја купил сликата во 2011 година како подарок за Џоли. Двојката се раздели во 2016 година по две години брак.

Черчил го насликал делото веднаш по воениот самит на којшто со Рузвелт ја договори следната фаза од заедничката стратегијa против нацистичка Германија.

Проценетата вредност на сликата се движи од два до 3,4 милиони долари.

Фото: Freepik