Ангажманот на вработените и потребните компетенции – тема на Меѓународната конференција за човечки ресурси

54

_MG_3746

Оваа година темата на осмата Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO, е заснована на сè поголемите и почести промени со коишто се соочуваат организациите од секаков тип, секој ден, насекаде. Како да се постигне економска благосостојба, односно финансиска стабилност во една компанија, а притоа да се искористат тековните компетенции на вработените, и да се развијат во идни конкурентни предности, е една од најголемите задачи и цели на секој менаџер за човечки ресурси.

По осми пат, традиционално, Македонската асоцијација за човечки ресурси, која е дел од Европската асоцијација за човечки ресурси, ја организира најголемата регионална, меѓународна конференција во областа на човечки ресурси и HR EXPO од 13-ти до 14-ти октомври во Скопје Мериот хотелот, и има за цел да придонесе кон развој на оваа област, како и да ги приближи современите и потребни практики до локалните експерти.

_MG_3725

“Успешно започна и одлично поминува првиот ден од осмата Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO. Исполнета е целта за организирање на овој настан, да се актуелизираат теми од областа на управувањето со човечки ресурси и воедно да создадеме вмрежување за размена на искуства помеѓу HR менаџерите од регионот. Задоволството е големо што овој настан со годините прерасна во вистински регионален бизнис собир, на кој имаме можност да слушнеме врвни презентери од академскиот, од корпоративниот свет, како и од менаџмент консалтингот од Европа и пошироко. Им благодарам на сите поддржувачи кои ја препознаваат вредноста и се грижат секоја година конференцијата да го достигне посакуваното високо ниво на организација“, изјави Христина Лозаноска, Претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

_MG_3715

Двата дена од конференцијата ќе бидат исполнети со презентации за што подобра промоција и дистрибуција на знаење за најдобрите практики во областа на човечките ресурси. Повеќе во врска со гостите предавачи и сите подетални информации може да се најдат на следниот линк.

Спонзори на осмата Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO се Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд – Сити Колеџ, СиТ Македонија, РСМ Македонија, Шпаркасе Банка, Clear View, Економски факултет – Универзитет Љубљана, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Цементарница УСЈЕ – ТИТАН, Алкалоид АД Скопје, Скопје Мериот Хотел, Универзитет за туризам и менаџмент Скопје и Групер.