Ангеловска и Бектеши со угостителите: Олеснети условите за користење на мерката плата 14.500 денари по вработен

195

Преку појаснување на мерките, како и прилагодување на истите согласно потребите и барања, владата ќе излезе во пресрет на угостителите, беше заклучено на денешниот состанок на министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на кластерите за угостителство при стопанските комори.

Министерката за финансии Ангеловска рече дека се отворени за брза комуникација, да ги објаснат, но и прилагодат мерките за да се излезе во пресрет на барањата на реалниот сектор.

Таа посочи дека се направени промена во уредбата за мерката плата 14.500 денари по вработен за мали и микро претпријатија со која се овозможува сопственикот и управителот ако се вработени во фирмата да можат да аплицираат за мерката. Исто така покрај овој услов беше променет и условот 2 месеци наместо 4, да се задржи истиот број на вработени по користење на истата.

“Дополнителна дилема која ја расчистивме е за кои работници може да се користи оваа мерка. Мерката може да се користи од секоја компанија која има пад од повеќе од 30% од приходите за сите работници кои имаат плата под 39.900 денари и кои користат активни ослободувања од придонеси и персонален данок, односно за работодавачи кои користат целосно ослободување од придонеси од проектите “Македонија вработува 1 и 2″ . Не се работи за мерката за покачување на платите која беше лансирана минатата година. Ако ја искористиле мерката за субвенционирање на придонеси за покачување плата тоа може да ја користи и оваа мерка“, рече Ангеловска.

Таа најави дека Развојната банка наскоро ќе ја пушти втората кредитна линија од 8 милиони евра и и кредитите ќе изнесуваат 90.000 евра согласно бројот на вработени. Истата ќе биде отворена за трите погодени сектори, но и за сите останати сектори погодени од кризата.

Министерот Бектеши информираше дека состанокот со туристичко-угостителскиот сектор бил многу конструктивен, бидејќи се отвориле прашања за нивни дополнителни барања со цел за полесни користење на владините мерки за поддршка на бизнисот погоден од здравствено економската криза предизвикана од коронавирусот.

“Министерството за економија веќе има обезбедено средства за директна поддршка на овој сектор преку Фондот за туризам кој веќе е основан, но ќе биде активен по завршување на кризата, односно во периодот на опоравување. Тој ќе биде насочен за директна поддршка на туристичкиот сектор и во моментов се обезбедени 95 милиони евра, средства кои е предвидено да се зголемат во наредниот период  во согласност со штетите кои ќе ги претпрпат овие компании. Во понеделник очекуваме дополнителни предлози и насоки од туристичко-угостителскиот сектор за тоа во која насока е најлесно да се користат мерките од нивна страна кои ќе бидат разгледани во вторник на состанокот на Координативното тело по што ако има потреба ќе бидат донесени дополнителни мерки“, истакна Бектеши.

Министерот Бектеши информираше дека состанокот со туристичко-угостителскиот сектор бил многу конструктивен, бидејќи се отвориле прашања за нивни дополнителни барања со цел за полесни користење на владините мерки за поддршка на бизнисот погоден од здравствено економската криза предизвикана од Коронавирусот.

“Министерството за економија веќе има обезбедено средства за директна поддршка на овој сектор преку Фондот за туризам кој веќе е основан, но ќе биде активен по завршување на кризата, односно во периодот на опоравување. Тој ќе биде насочен за директна поддршка на туристичкиот сектор и во моментов се обезбедени 95 милиони евра, средства кои е предвидено да се зголемат во наредниот период  во согласност со штетите кои ќе ги претпрпат овие компании. Во понеделник очекуваме дополнителни предлози и насоки од туристичко-угостителскиот сектор за тоа во која насока е најлесно да се користат мерките од нивна страна кои ќе бидат разгледани во вторник на состанокот на Координативното тело по што ако има потреба ќе бидат донесени дополнителни мерки“, рече Бектеши.

Угостителите го поздравија дијалогот со владата.

“Во делот на новите уредби кои ги донесе Владата покажаа позитивен чекор за некои од работите кои ние ги укажувавме и е добар чекор и се надевам дека ќе продолжи така соработката и понатаму. Ни фалеше ваков конструктивен дијалог. Ќе се потрудиме да ги пренесеме нашите мерки најдоброто што можеме и сакам да нагласам дека приматот го ставаме на како да ги задржиме нашите вработени и како да добиеме најмногу средства за нив“, рече Мартин Ангеловски претставник на угостителскиот сектор.