Ангеловска: МојДДВ се адаптира на Ковид-19 состојбата

55

Поголем број на дневни награди од 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економија, променети износи на награди за месечните и главното извлекување, најави преку Facebook, министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Од јули до декември:

Поголем број помали дневни награди – наместо 10 дневни награди по 1.000, 2.000 и 3.000 денари, ќе се доделуваат по 30 награди секој ден од по 1.000 денари.

Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена – ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари (наместо 100.000 денари).

Месечното извлекување за јули ќе се изврши согласно постојните правила. На четврти јули ќе се одржи извлекувањето за 15 награди од по 100.000 денари во кое учествуваат сите скенирани фискални сметки во месеците април, мај и јуни.

На главното извлекување на 19-ти декември ќе се доделат 1.000.000 денари (наместо иницијално предвидените 3.000.000 ден.)

Со оваа измена ќе се доделат повеќе награди на повеќе граѓани кои скенираат сметки и учествуваат во борбата против сивата економија и воедно ќе се овозможи 9,7 милиони денари од наградниот фонд да бидат донирани кон солидарниот Ковид фонд за социо-економски мерки за справување со кризата.