Ангропромет Тиквешанка прикажа добивка од 4,1 милиони денари

90

angropromet-tikvesanka

Компанијата Ангропромет Тиквешанка од Кавадарци, од јануари до декември лани, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 4.124.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, компанијата оствари добивка од 249.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2016 година, изнесуваа 37.902.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 29.855.000 денари.

Основна дејност на компанијата е давање под закуп на останати машини, опрема и материјални добра. Исто така, компанијата врши услуги во делот на угостителството , како и издавање на магацински деловен простор, издавање простор ладилник, машини и опрема за утовар и истовар на стока.