Ангропромет Тиквешанка со добивка од 4,2 милиони денари ги заврши деветте месеци од 2016-та

122

angropromet-tikvesanka

Ангропромет Тиквешанка, од први јануари до 30-ти септември 2016-та година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.246.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Пред една година, добивката на компанијата изнесуваше 3.172.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од годинава изнесува 26.527.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 21.119.000 денари.

Ангропромет Тиквешанка се занимава со лизинг на машини, опрема и материјални добра, врши услуги во делот на угостителството, како и издавање на деловен простор, машини и опрема за утовар и истовар на стока.