Антивирусна кеса “убива“ 99% од Ковид-19

95

Бразилската компанија Embalixo развива технологија којашто овозможува пластични кеси да го неутрализираат коронавирусот, пишува Ројтерс.

Доколку во кесата има коронавирус, истата автоматски ќе го уништи, “напаѓајќи“ ја генетската структура на вирусот и така да не дозволи негово ширење меѓу луѓето.

Според директорот на компанијата, Рафаел Коста, овие кеси може да се користат на различни начини.

“На пример, кога влегувате дома, може да ја соблечете облеката и обувките, да ги ставите во кеса и да бидете сигурни дека ако има вирус на нив, ќе биде уништен. Кога одите во супермаркет вие носите кеси преку кои може да се заразите, а тие кеси може да се стават во нашата таканаречена антивирусна кеса, каде што сите производи ќе бидат дезинфицирани“, објаснува Коста.

Досегашните тестирања на оваа иновативна кеса покажуваат дека таа успева да неутрализира 99% од вирусот. Најпрво била тестирана на пет минути, па продолжено времето на 72 часа, по што е утврдено дека кесата е антивирусна цело време.

Фото: Pixabay