Апартманите во Хрватска драстично поскапеа

54

Германски портал Check24, којшто се занимава со споредби на цени, неодамна објави дека цените на сместувањата во Хрватска скокнаа ова лето во споредба со оние од пред пандемијата во 2019 година.

Цените на хотелите или апартманите за одмор во Европа значително се зголемија, пренесуваат австриските медиуми, повикувајќи се на Check24.

Желбата за патување доведува до зголемување на цените

Желбата за патување доведува до големо зголемување на побарувачката, а со тоа и до зголемување на цените, наведува порталот Check24.

Една ноќ во австриски хотел сега чини  145 наместо 110 евра, што е зголемување на цената за 32%. Трошоците за изнајмување куќи за одмор или апартмани се зголемија во просек од 93 на 120 евра, што е зголемување за 28%.

Во Германија, ноќевање во хотел во август 2021 година чини во просек 115 евра, 27% повеќе отколку во август 2019 година. Цената на апартманите порасна за 14% и на 110 евра од вечер.

Ноќевање во Италија сега чини 109 евра  (34% поскапо) и 138 евра во апартман, (18% поскапо).

Во Хрватска апартманите поскапени за 61%

Во Хрватска за ноќевање во хотел  овој август ќе треба да издвоите 173 евра, а 153 евра  за апартман, што е за 61% повеќе отколку во 2019 година, според Check24.

Фото: Pixabay