Аплицирање за земјоделски субвенции, краен рок 15-ти септември

40

zitarki-pixabay

Фото: Pixabay

Почнува рокот за поднесување барања за директната финансиска поддршка во земјоделството, проектирана на вкупно 160 милиони евра, јави Миа.

Крајниот рок за доставување барања е 15 септември. Сите заинтересирани земјоделци можат сами да аплицираат, електронски, преку Е – Барање поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а оние што не се во можност сами да креираат барање, најдоцна до 30 август годинава треба да побараат техничка поддршка од Подрачната единица на Министерството за да можат да го запазат рокот за аплицирање.

Барањата се поднесуваат по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели, пред подесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.