Апликација детектира кој не носи маска

73

Флорин Јурчиш од Романија разви апликација што може да открие луѓе  кои не носат маски и да ги предупреди да ја стават маската преку аудио порака, пренесува Romania Insider.

Апликацијата, што го носи името Milnesium Mask Detector, работи со помош на веб или безбедносна камера и има можност за препознавање на лица.

Нејзината употреба ќе биде бесплатна, а ќе може да се користи во супермаркети, трговски центри, јавни институции или приватни компании.

“Кога ќе ја тргнам мојата заштитна маска, апликацијата ќе го забележи тоа и ќе испрати аудио порака: Ве молам ставете ја маската! Предупредувањето ќе престане кога луѓето на правилен начин ќе ја постават маската“, вели Јурчиш.

Фото: Freepik