Апликација ќе проверува дали некој дошол во контакт со корона вирусот

123

Во Кина е направена апликација што ќе им овозможи на корисниците да проверат дали биле изложени на ризик од корона вирусот, информираат од тамошната Национална комисија за здравство.

Корисниците можат да скенираат QR код преку мобилни апликации како што се Alipay, WeChat за да направат проверка. Откако ќе се регистрираат, корисниците мора да го запишат своето име и број за идентификација за да дознаат дали се или биле во близок контакт со некој кој е веќе заразен со вирусот.

Оние кои биле во близок контакт со заразено лице им се советува да останат дома и да побараат помош од здравствените служби.

Под близок контакт се подразбира кога некој се нашол во непосредна близина на заразено лице, без соодветна заштита. Тоа ги вклучува лицата кои работат заедно, учат заедно или живеат во иста куќа; медицински персонал, членови на семејство или блиски лица кои биле во контакт со пациенти во затворено окружување и други пациенти во иста просторија; патници и членови на екипаж кои биле во исто превозно средство со пациенти (потврдени или сомнителни случаи).

Зад оваа апликација стои Главната канцеларија на државниот совет на Кина, Националната здравствена комисија и корпорацијата China Electronics Technology Group.

Фото: Pexels