Апликација прикажува фотографии од автомобили паркирани на велосипедски патеки

34

Германска апликација наречена Wegeheld (Херој на патот) им овозможува на корисниците да споделат фотографија од непрописно паркирано возило на лента за велосипедисти. Досега апликацијата е преземена повеќе од 100.000 пати и постирани повеќе од 70.000 фотографии на социјалната мрежа Twitter, пишува  Road.cc.

Wegeheld е дело на германскиот велосипедист и активист Хајнрих Штросенрутер. Со помош на апликацијата, корисниците споделуваат и фотографии од непрописно паркирани возила на тротоари, места за инвалиди, паркови, пешачки премини и слично.

Сите направени фотографии автоматски одат на @DasMussWeg профилот на Twitter.

Целта на Хајнрих била да се подигне свеста за безбедноста и соодветното паркирање, но и да се известат надлежните за прекршоците.

Според него, моменталните казни од 10,15 евра се мали и тој апелира истите да се зголемат, но и да се спроведуваат постојано.

Фото: Pixabay