Апликација за мобилни уреди со традиционални рецепти од БиХ

28

onlajn gotvac bih

Традиционални јадења од Босна и Херцеговина се дел од онлајн готвачот за паметни мобилни уреди, пишува Biznis.ba.

Корисниците можат да пронајдат рецепти за слатки и солени јадења, приказни од традиционалната староградска сараевска кујна, како и мапа на ресторани низ градот.

Онлајн готвачот нуди најразлични традиционални рецепти, како што се: бегова чорба, босански лонец, сараевски ќебапи, кадаиф, туфакии… Апликацијата, од друга страна, има мапа со локации на ресторани, кафулиња, слаткарници распоредени низ Башчаршија.

Апликацијата е достапна на босански, англиски и турски јазик.