Апликацијата на словенечкиот старт-ап Peekster се шири на американскиот пазар

44

peeksterСловенечкиот старт-ап Peekster со апликација за паметни телефони што ги поврзува печатените изданија и Интернетот продира и на американскиот пазар.

Апликацијата Peekster претставува врска меѓу печатените магазини и нивните Интернет изданија. На корисниците им овозможува на телефонот да снимат фотографија од печатеното издание и потоа со помош на апликацијата да пронајдат фотографија, видео снимка, сличен напис и други мултимедијални содржини поврзани со текстот. Написите можат да се споделат и преку социјалните мрежи.

Оваа апликација моментално добива поддршка од британските весници Times, Independent, Metro, Guardian, London Evening Standard и City AM. Апликацијата во иднина ќе добие поддршка и од американските весници New York Times, Wall Street Journal и Washington Post, пренесува словенечкиот весник Дело.

За корисниците Peekster е бесплатна, а авторите сметаат на парите кои ги уплаќаат помалите магазини, како и на приходите од таканаречениот freemium модел, преку кој корисниците плаќаат за дополнителни функции.

Peekster своето проширување на американскиот пазар го објави во рамки на претставувањето на старт – ап конференцијата во Њујорк – Techcrunch Disrupt, на која словенечкиот бизнис во конкуренција на Techcrunch Battlefield си најде свое место меѓу 25-те најдобри од илјадниците натпреварувачи од целиот свет.

Тине Хамлер, еден од тројцата натпреварувачи на Peekster, вели дека во Њујорк имале можност да се претстават пред угледни и влијателни инвеститори. Peekster, инаку, бара инвеститор кој е подготвен да вложи половина милион долари и се надеваат дека ќе го пронајдат ова лето.