Apple го намали производството на iPad во корист на iPhone 13

32

Apple го намали производството на iPad таблети со пренасочување на поголемо количество компоненти во производството на iPhone 13, што е знак дека светската криза со понудата на чипови го погодува овој производител потешко отколку што се мислеше, пишува јапонскиот весник Nikei.

Производството на iPad е преполовено во последните два месеци во споредба со првичните планови на Apple, објави деловниот дневен весник на својата веб-страница, цитирајќи неколку извори.

Во текстот се додава дека деловите наменети за постари iPhone телефони се пренесуваат и во производството на новиот iPhone 13, пренесува Reuters.

Иако производството на iPhone 13 беше попречено поради затворањето на фабриките во Азија и високата побарувачка во втората половина од годината, Apple се справува со намалената понуда подобро од многу други компании.

Американскиот технолошки гигант го фаворизира производството на iPhone 13 делумно затоа што предвидува поголема побарувачка за паметни телефони од iPad, бидејќи западните пазари почнуваат да излегуваат од пандемија, соопшти Nikei, цитирајќи неименувани извори.