Apple го рекламира iPad Air преку “Друштво на мртвите поети”

52

ipad-air-ad

Apple ја започнува 2014 година со реклама за iPad Air. Убавина, поезија, страст, љубопитност, тоа се главните атрибути на овој бренд на Apple.

За оваа реклама Apple користи зборови од филмот Друштво на мртвите поети (1989). Нарацијата е на Робин Вилијамс. Сценариото на овој култен филм го напиша Том Шулман, кој доби и Оскар за него.