Apple и Facebook ќе им плаќаат на вработените да ги замрзнат јајце клетките

23

zamrznuvanje jajce kletki

Технолошките гиганти Apple и Facebook ќе им плаќаат на жените вработени во нивните компании и до 20.000 долари за да можат да ги покријат трошоците за замрзнување на нивните јајце клетки, пренесува Business Insider.

Целта, како што наведуваат, е да им се овозможи на жените кои сакаат да се фокусираат на кариерата да не ја жртвуваат својата шанса да имаат деца и во подоцнежниот период.

Facebook од неодамна почна да ги покрива трошоците на оние вработени жени кои сакаат да ги замрзнат своите јајце клетки, додека Apple таа програма ќе ја започне во јануари следната година.

Oocyte cryopreservation претставува процес преку кој се замрзнуваат јајце клетките на жената и истите можат да се искористат во иднина. Научните истражувања покажуваат дека овој процес дава огромни резултат во последните години.

Apple и Facebook се првите големи работодавци кои на своите вработени им ја нудат оваа можност од немедицински причини.