Apple и Google со нови емотикони во чест на World Emoji Day

58

Unicode Consortium ја прикажа следната рунда на емотикони за оваа година, а по повод денешниот ден, 17 јули – Светскиот ден на емотиконите (World Emoji Day) Apple и Google претставија нивни адаптации.

Новите емотикони што постепено се појавуваат на оперативните системи на паметните телефони вклучуваат повеќе инклузивни карактери, како куче водач, лице во инвалидска количка, протетичка рака и слично.

Од Apple велат дека корисниците ќе ги имаат новите емотикони како дел од апгрејдот на софтверот што ќе се случи оваа есен на iPhone, iPad, Mac и Apple Watch, пишува Engadget.

Тимот на Unicode работи на посебен механизам којшто ќе им овозможи на корисниците да ја променат бојата на емотиконите што не вклучуваат лица. На пример, црна место бела мачка или бело наместо црвено вино…

Фото: Apple