Apple има проблеми: Тим Кук е премногу добар

20

apple tim cookБез Стив Џобс, Apple би можел да стане “премеко” место за работа и тоа е еден од потенцијалните големи проблеми за работа на компанијата, изјави за Бизнис инсајдер Мајк Ли, поранешен вработен во оваа компанија. Откако Тим Кук го презема местото на Стив Џобс, Ли смета дека сега на Apple му недостига лидер кој има сила и харизма да го сопре лансирањето на недоволно добри производи.

“Таму каде што некогаш беше Стив, сега е Тим. Наместо непопустливиот и строг Џобс, сега тука е љубезниот Кук од кој може да очекуваме помалку работни ноќи и работни викенди”, вели Ли.

Ли беше сениор инженер, кој го напушти Apple за да започне сопствен бизнис. За поранешната компанија има само пофални зборови.

“Apple не е само компанија. Apple е идеал. Луѓето доаѓаат и си заминуваат, но повеќето од нас никогаш вистински не го напуштаат”, вели Ли.