Apple испрати писмо до вработените – на многумина нема да им се допадне

60

Компанијата Apple очекува своите вработени да се вратат во канцелариите до септември, се вели во писмото испратено до вработените во средата.
Вработените ќе треба да работат од канцеларијата најмалку три дена во неделата, напиша извршниот директор Тим Кук во писмото.

Apple исто така изјави дека вработените ќе можат да аплицираат за работа од далечина две недели годишно, но тоа барање прво ќе треба да го одобрат менаџерите на канцелариите, пишува BBC.

Кук напиша дека работата од дома функционирала непречено, но дека тоа не е соодветна замена за лична соработка.

Вкупните приходи на Apple скокнаа за 50% од година во текот на пандемијата, најмногу поради продажбата на iPhone. Компанијата беше поконзервативна во однос на политиката за работа од дома отколку другите технолошки гиганти за време на пандемијата. Facebook, на пример, минатата година објави дека неговите вработени можат да работат од дома со полно работно време дури и по пандемија доколку бидат одобрени од нивните менаџери.

Фото: Pixabay