Apple ја купува компанијата BookLamp

14

apple i booklamp

Компјутерскиот гигант Apple покажа интерес за американската платформа BookLamp, која може да направи препораки за читање на основа на семантички и лексички елементи.

BookLamp во областа на книжевноста е она што е Пандора во областа на музиката, бидејќи ги нуди истите фунцкии како системот за музички содржини, а токму тоа е важно за Apple.

Интернет страницата TechCrunch објави дека американската компанија за оваа платформа понуди меѓу 10 и 15 милиони долари.

Нејзината технологија може да скенира каталог доволно детално за да можат да се утврдат сличности меѓу повеќе книжевни дела и на крајот да даде препорака на читателите.

Со помош на таа алатка, Apple би можел да им помогне на корисниците на аплијацијата за електронски книги iBooks да ги пронајдат книжевните дела во рамки на своите очекувања.