Apple ја симна Saudi Aramco од тронот

37

Технолошкиот гигант Apple стана највредна компанија во светот, благодарение на пазарната капитализација, со што ја симна на втора позиција Saudi Aramco.

По објавување на кварталните резултати, акциите на Apple забележаа пораст од 10,47%, со што нејзината пазарна вредност се зголеми на 1,84 билиони долари.

Saudi Aramco, во чии раце досега беше приматот највредна компанија во светот, сега според пазарната капитализација вреди 1,76 билиони долари.

Во 2018 година нафтениот гигант од Саудиска Арабија прикажа добивка од 224 милијарди долари, што тогаш беше трипати повеќе од добивката на Apple.

Фото: Freepik