Apple ќе плати казна од скоро пола милијарда долари поради соработка со словенечка компанија

22

Технолошкиот гигант Apple се согласи да плати казна од скоро пола милијарда долари поради тоа што склучиле договор со словенечката компанија ATR.SIS, којашто е казнета за трговија со наркотици, пишува Sputniknews.

Од Apple велат дека не успеале да идентификуваат дека компанијата била ставена на “црна листа“.

Apple наводно во 2008 година склучи договор за развој на апликации со словенечката компанија. Во февруари 2015 година, Министерството за финансии ја стави компанијата од Словенија на “црна листа“, а нејзиниот мнозински сопственик наводно бил дел од меѓународна мрежа за трговија со наркотици. Поради тоа, целиот имот на компанијата и на сопственикот се замрзнати. Две години подоцна, во мај 2017 година, властите го симнуваат SIS од “црната листа“.

Додека словенечката компанија била на оваа листа, Apple реализирал 47 плаќања поврзани со блокираната компанијата.

Фото: Pexels