Apple патентираше тастатура “отпорна“ на нечистотија

47

apple-1839391_960_720

Фото: Pixabay

Технолошкиот гигант Apple патентираше тастатура којашто не пропушта трошки и слична нечистотија, пишува The Verge.

Според решението тастатурата користи два начина да се одбрани од ситните нечисти парчиња. Едниот е преку запечатување на празнините, а другиот е преку заштитен слој врз секоја број/буква и знак, којшто при притискање ќе испушта воздух за да се ослободи од нечистотијата.

Патентот беше прв пат поднесен на 8-ми септември 2016 година, само еден ден откако компанијата официјално ги претствави iPhone 7 и iPhone 7 Plus.

Од Apple сè уште не најавуваат кога оваа тастатура ќе може да се очекува на пазарот.