Apple: Потаинствен од CIA, попараноичен од Пентагон

41

apple

На што Apple ќе ги троши резервите од 145 милијарди долари? Извршниот директор Тим Кук веќе најави дека компанијата ќе ја покачи дивидендата за 15%, па акционерите ќе добиваат 12,20 долари по акција, со што Apple ќе стане една од компаниите со највисока дивиденда во светот. Некои инвеститори бараат компанијата да почне да разгледува можности за спојувања и аквизиции, како што на пример направи Google со Motorola Mobility или Microsoft со Skype. Но, по се изгледа Apple не сака да купува компании само за да ги поседува, пишува Бизнис Инсајдер. Наместо спојувања и аквизиции, Apple се фокусира на капитални инвестиции. На што и да се одлучи да ги потроши парите, не треба да се грижи, затоа што постојано има прилив на нов капитал. А како Apple стана толку моќна компанија?

apple_secrecy1

Култ на таинственост

“Сите компании имаат тајни… Разликата е во тоа што во Apple се е тајна. Паранојата на Стив Џобс направи компанија која е таинствена колку CIA”, пишува Адам Лашински, уредник во Fortune, во својата книга Inside Apple: How America’s Most Admired – and Secretive – Company Really Works, во која открива зошто Apple е толку моќен и успешен.

Не е ништо ново дека овој гигант е многу таинствен и информациите и деталите од проектите ги држи што подалеку од очите и ушите на јавноста.

“Во Apple владее култура на тишина која едноставно треба да се прифати. За работата не зборував ниту со сопругата, ниту со децата”, вели поранешен вработен во маркетинг во оваа компанија.

Овој култ на таинственост го воведе Стив Џобс, за никој од надвор, ниту повеќето внатре во компанијата, да не дознаат на што се работи во моментот и кој е следниот производ. Со текот на годините Apple на бројни начини успева да ја задржи “магијата” меѓу ѕидовите на компанијата, а често се служи со методи кои повеќе наликуваат на оние што ги применуваат организации како на пример CIA, отколку корпорација која развива уреди. Но, според многумина, токму оваа таинственост го постави Apple на врвот, кога на пример, со години успеваа да ја зачуваат тајната за развојот на iPhone, па кога го лансираа, беа неколку години пред конкурентите.

Apple-Think-DifferentКултот на таинственоста Apple го одржува и внатре во компанијата, па вработените добро знаат за што смеат, а за што не смеат да разговараат со колегите. Оние што ќе го прекршат ова правило се преместуваат во други дивизии или добиваат отказ. Со вработените се потпишуваат специјални договори за таинственост. Нивото на таинственост е толку големо што често се случува вработените од иста просторија да не знаат кој на што работи. За да ги проверат новите луѓе, често ги вработуваат на непостоечки проекти, им кажуваат лажни доверливи информации за да видат колку може да им се верува. Вработените се прислушкуваат и во кафулињата и околу компанијата. Големите проекти ги водат мали тимови. Состаноците се одржуваат лице в лице, нема видео конференции или конференциски повици. Врв на таинственоста е кога пред претставување на нов производ се менуваат врати, се поставуваат нови брави, се воведуваат нови безбедносни протоколи, додека одбраните вработени што ги тестираат новите уреди мораат да ги покријат со црно платно, за никој да не може да види како изгледаат новиот iPhone или iPad.

Но, и покрај сите овие мерки, поради кои новинарите во САД напишаа дека Apple е потаинствен од CIA и попараноичен од Пентагон, во последно време излегуваат точни информации за производи на оваа компанија пред нивното официјално претставување. Иако некои сметаат дека таквата ситуација настанала по смртта на Стив Џобс, луѓе внатре од компанијата тврдат дека неговиот заменик Тим Кук дури и го подигнал нивото на таинственост, а за течење на информациите се виновни произведувачите на компоненти – Кинезите.

1

Новиот Кампус 2

“Размислувај поинаку” за Apple не е само маркетинг слоган. Apple размислува поинаку кога е во прашање бизнис стратегијата, но и животната средина. Затоа од британското архитектонско студио Foster and Partners беше побарано да направи корекции на новото седиште во Купертино, Калифорнија. Објектот со футуристички изглед, во средината ќе има оргомен двор со зеленило, велосипедски патеки и патеки за шетање.

Новите велосипедски патеки се опремени со заштитни тампон зони за да можат велосипедистите непречено да патуваат во центарот на капмусот, а сообраќајот со велосипеди ќе се интегрира внатре и надвор од кампусот, за да се поттикнат вработените да доаѓаат со велосипеди на работа. Ќе се гради транзитен јазол за јавен градски превоз, со што ќе се поттикнуваат вработените да патуваат со автобус, а голем дел паркинг места ќе се претворат во зеленило.

Новиот план ја подигна цената на проектот на вкупно пет милијарди долари и ги помести роковите за завршување на првата фаза од кампусот од 2015 на 2016 година.

11

Кампусот со кружна форма ќе се гради на местото каде што претходно беа канцелариите на Hewlett Packard (HP), првата компанија во која работеше Стив Џобс. Ќе зафаќа површина од 260.128 метри квадратни, а истражувачките капацитети ќе се простираат на 27.870 метри квадратни. Ќе има аудиториум со 1.000 седишта, подземен паркинг од неколку нивоа внатре и надворешен паркинг од четири ката. На овој простор ќе можат да работат 12.000 – 13.000 луѓе. Вработените ќе можат да се рекреираат во фитнес центар. Објектот ќе се напојува со сопствена струја, а главната градска струја ќе се користи само во итни случаи.

Проектот го води архитектот сер Норман Фостер и неговиот тим од Foster and Partners, компанија препознатлива по модерен, хај-тек и уникатен пристап кон големи објекти.

2

3

4

5

6

8

7

10

9