Apple пред казна од над милијарда евра

90

Американскиот ИТ гигант, Apple се соочува со казна од над една милијарда евра поради антиконкурентнски практики, пренесува Reuters.

Франција од 2012 година води истрага поради наводно антиконкурентно однесување на Apple во дистрибутивната и продажната мрежа.

Застапниците за продажба на Apple, TechData и Ingram Micro, казнети се со 63 и 67 милиони евра поради незаконско договарање на цени.

Фото: Pexels