Apple преговара со кинески производители на батерии за електрични автомобили

22

Американскиот технолошки гигант, Apple е во рана фаза на преговори со кинескиот концерн Contemporary Amperex Technology (CATL) и BYD за снабдување со батерии за електрични возила, пренесува Ројтерс.

Не е уште познати дали ќе биде постигнат договор со некоја од компаниите.

Еден од условите за соработка со Apple е потенцијалниот партнер да изгради производен погон во САД.

CATL, којшто е главен добавувач за батерии за голем број производители на автомобили, вклучувајќи го Tesla, е лидер во сегментот на електрични возила, но не би сакал да град фабрика во САД поради напнатите односи меѓу Вашингтон и Пекинг, како и поради страв од повисоки трошоци.

Уште не се знае дали Apple во меѓувреме разговара и со други потенцијални добавувачи. Компанијата работи на технологија на автономно возење, а производството би требало да започне околу 2024 година.