Apple привремено затвора 17 од 20 продавници во Франција

27

Во Франција 17 до вкупно 20 продавници на Apple од денеска ќе бидат привремено затворени поради воведениот карантин во земјата, пренесува Ројтерс.

Францускиот претседател, Емануел Макрон соопшти дека во неговата земја од денеска повторно се воведува карантин на национално ниво во обид да се спречи масовно ширење на пандемијата.

И Германија воведува делумен карантин, но од Apple наведуваат дека 15-те продавници во таа земја остануваат отворени за купувачите.

Фото: Facebook