Apple продава брендирана крпа за “гланцање“ за 19 долари

99

Во понеделникот, Apple одржа настан на кој претстави освежена серија компјутери MacBook Pro, нова генерација популарни слушалки AirPods, надградби на системот Apple Music, HomePod во нови бои и крпа за „гланцање“ на производите на компанијата.

Имено, на веб-страницата на Apple се наведува дека станува збор за крпа направена од „мек, не-абразивен материјал“, која како таква е идеална за „чистење на екраните на Apple“, вклучувајќи ги и оние со стакло со нано-текстура.

Крпата е бела и во аголот има лого на Apple, за кое веруваме дека ќе се истакне меѓу другите, и совршено се вклопува во правилата за чистење на производите на компанијата, во кои се наведува дека „абразивни, хартиени крпи или слични работи“ треба да се избегнуваат.

Заинтересираните ќе треба да платат 19 долари за ова парче ткаенина, а засега не е познато дали ќе дојде „бесплатно“ со купување на нови лаптопи MacBook Pro.