Apple размислува на местото на логото на уредите да се постават сензори

37

logo na apple

Технолошкиот гигант Apple поднесе барање за патент под името “Сокриени електрични приклучоци“ до американската агенција за патенти и трговски марки, пишува порталот Apple Inside.

Во патентот се наведува дека на местото на логото на паметните уреди на Apple ќе се вградат сензори со коишто ќе се следи работата на срцето на корисникот, сензор за отпечаток на прст и полнач на уредот.

Мултифункционалната употреба на логото на Apple за прв пат беше предмет на барање на патент во декември 2013 година.

Како и со било кој друг патент, така и со овој не може да се тврди дека ќе биде вграден во продуктите на Apple.