Apple со 910 милијарди долари пред Google, Amazon и Microsoft

15

appleФото: Pexels

Со оглед на тоа дека светот станува се позависен од мобилните телефони и технологијата, пресметките на технолошките гиганти покажуваат дека наскоро најголемите ИТ компании би вределе илјади милијарди долари, пишува Money CNN.

Засега број еден на пазарот е Apple. Поради огромната побарувачка на новите iPhone, компанијата моментално “тежи” 910 милијарди долари. На Apple му е потребен раст од 10% за да надмине профит од илјада милијарди долари.

На врвот Apple нема да биде сам, затоа што Google, Amazon и Microsoft се на добар пат да ја заработат истата сума. Според експертите гигантот во е-трговија Amazon има најголеми шанси прв да ја достигне огромната цифра во рок од 12 до 18 месеци, поради наглото зголемување на акциите за 30%.

Зад нив, се наоѓаат Facebook, кинескиот трговски гигант Alibaba, кинеската друштвена мрежа и игра Tencent со тенденција во наредниве неколку години и тие да се најдат во друштвото на технолошки компании што заработиле илјада милијарди долари.