Apple со квартална добивка од 21,74 милијарди долари

24

Американскиот технолошки гигант, Apple кварталот април – јуни оваа година го заврши со вкупни приходи од 81,43 милијарди долари, а најголем придонес кон износот имаше подобрата продажба на iPhone од онаа што била очекувана.

Приходите на Apple во третиот квартал од фискалната година се далеку над очекувањата на аналитичарите, коишто во просек предвидуваа дека тие ќе бидат околу 73,30 милијарди долари.

Растот на приходите беше воден од скокот на продажбата на iPhone телефони во изминатите три месеци за скоро 50% на 39,6 милијарди долари, при што потрошувачите најмногу ја купувале премиум верзијата на 5G.

Продажбата на овие уреди во Кина се зголеми за 58% на 14,76 долари во кварталот што заврши на 26-ти јуни.

Добивката на Apple за три месеци изнесуваше 21,74 милијарди долари или 1,30 долари по акција, што е над проценките на аналитичарите за 1,01 долар по акција.

Фото: Pexels