Apple започна со производство на iPhone 13 во Индија

117

Apple започна со производство на iPhone 13 во фабриката Foxconn лоцирана во Ченаи, главниот град на државата Талим Наду во јужна Индија.

Иако ова не значи премногу за глобалните купувачи на Apple, за оние во Индија, ова е одлична вест, бидејќи локалното производство би требало значително да ја намали цената на уредот. Кога компанијата првпат започна со производство на iPhone 12 во Индија, цените паднаа за приближно 185 долари.

Како што потсетува Gizmochina, Индија наплаќа царини на производи за потрошувачка електроника кои се склопуваат во странство и се увезуваат, така што производите на Apple обично чинат повеќе во Индија во споредба со другите пазари.

Да потсетиме, новиот iPhone не е единствениот произведен во Индија. „Гигантот од Купертино“ таму ги произведува и iPhone 11 и 12. Така, оваа одлука означува уште еден чекор во намалувањето на зависноста на Apple од Кина, која инаку е примарен производствен центар за многу технолошки компании.