Apple заслужен за 2,4 милиони работни места во САД

30

Технолошкиот гигант Apple досега има креирано вкупно 2,4 милиони работни позиции во САД.

Како што појаснуваат и од компанијата Apple е присутен во сите 50 држави, а бројката на работни места е за четири пати поголема од онаа што компанијата ја имала пред осум години.

Apple е да добар пат да придонесе со 350 милијарди за американската економија до 2023 година. Поголемиот дел од работните места за коишто е заслужна компанијата се однесуваат на развојот на апликации. Од Apple тврдат дека токму тој сектор е “виновен“ за креирање на 1,9 милиони работни позиции во САД.

Од компанијата до 2023, очекуваат да бидат создадени 20.000 нови работни места коишто ќе опфаќаат инженери, истражувачи и слично.

Фото:Pixabay