АППТ ќе го промовира Крушево како дестинација за четири сезони

68

ppАгенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) ќе го промовира Крушево како 4 сезони дестинација.

Директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски и градоначалникот на Крушево, г-дин Томе Христоски на денешниот работен состанок дискутираа за одржливите форми на туризам и развојот на градот во авантуристичка дестинација.

Небото над Крушево оваа година ќе биде рај за параглајдеристите. Најавени се 7 купови во параглајдеризам, додека во 2019 година се очекува одржување на Светско првенство во овој адреналински и екстремен спорт.

Параглајдерство е атрактивен натпреварувачки и рекреативен спорт и воздухопловна гранка, којашто го привлекува вниманието на туристите. Во контекст на ова, бројот на туристи и остварени ноќевања во Крушево е во постојан пораст.

Пратејќи ги туристичките трендови, АППТ го промовираше Крушево на интернационалните саеми за туризам во Софија, Белград и Берлин, додека во наредниот период ќе се промовира во Загреб и Тирана.

АППТ за дестинацијата изработи промотивен материјал во којшто се презентирани сите знаменитости на Крушево, вклучително можности за зимски туризам кој ги нуди градот, како и историјата, културата и уникатната архитектура. Несомнена е гостопримливоста на локалното насаеление и специфичните гастрономски специјалитети. Градот е единствен и во традицијата на практикување на стари занаети.