ArcelorMittal Скопје го одбележа Денот на здравјето и безбедноста

20

10a1fdf2-3caa-49b3-89e6-45ffff20f20eФабриката на ArcelorMittal Скопје, вчера го одбележа Денот на здравјето и безбедноста.

Во соопштението што компанијата го објави денес, се вели дека овој ден претставува еден од најважните денови за ArcelorMittal во целиот свет, бидејки здравјето и безбедноста се едни од клучните приоритети за успешно реализирање на работата на оваа групација.

На еднодневниот настан присуствуваа и се обратија до присутните генералниот извршен директор на ArcelorMittal Скопје, господинот Хуан Педро Хименез Наваро и актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, господинот Тони Трајковски.

Тој посочи дека е особено горд што во својата општина има компанија како ArcelorMittal Скопје која вложува не само во заедницата каде работи, туку и во своите вработени.