Арена Спорт каналите отсега достапни и за корисниците на НЕОТЕЛ

25

Од денеска, на големо задоволство на љубителите на спортски содржини, НЕОТЕЛ, покрај каналите Спорт Клуб и Eurosport, во рамките на својата понуда го вклучи и дополнителниот пакет Арена Спорт со 5 канали во кристално чиста HD слика.

Со активирање на дополнителниот пакет сите постојни и нови корисници ќе може да го следат бесплатно до крајот на месецот. По бесплатниот период, сите оние што го активирале пакетот ќе може да го следат по промотивна цена од 120 денари месечно. Во рамките на пакетот корисниците ќе можат да ги следат натпреварите од УЕФА Лига на шампиони, УЕФА Лига Европа, националните првенства на Франција, Португалија, италијанското Калчо, кошаркарските натпревари од НБА-лигата, како и бројни други спортски содржини.

Благодарејќи на напредната интерактивна телевизија neoTV, корисниците можат да ги користат сите бенефити како снимање, паузирање и премотување на најдобрите моменти. Покрај можноста за следење на сите спортски настани на neoTV, корисниците можат да ги следат содржините и на своите смарт-уреди (таблет или смартфон) без дополнителна претплата.

Повеќе детали проверете на neotel.mk