Arena Sport каналите вклучени во новите пакети на Македонски Телеком

25

t-logo-01

Македонски Телеком воведува промоција со која спортските ТВ канали Arena Sport 1 – 4 SD и HD се вклучени во месечниот надомест за сите нови корисници на Интернет и ТВ пакетите со избрана опција ТВ M и Интернет M, L или XL кои ќе потпишат договор на 24 месеци. Промоцијата трае до 31.03.2017 година, стои во соопштението.

Македонски Телеком на корисниците им нуди да купат и Samsung 32” LED телевизор на 48 рати, по цена од 199 денари месечно.

Корисниците, како што се наведува, може да ги комбинираат Интернет и ТВ услугите согласно со нивните желби и потреби, а доколку потпишат договор на 24 месеци добиваат и 10% попуст на месечниот надомест. Македонски Телеком го подобри и своето Интернет портфолио, кое што сега вклучува неограничен Интернет сообраќај и поголеми брзини на пристап.