Аргентина го прекина извозот на говедско месо на 15 дена: Цената скокна до 30 отсто

Аргентинската влада  го прекина извозот на говедско месо на 15 дена, со цел да ги стабилизира цените на домашниот пазар, пренесува ТВ каналот ТН, повикувајќи се на извори во царинската служба на земјата.

Мерката е донесена во пресрет на договор за цените со конзорциумот на производители, а без договор нема да има дозволи за извоз.

Аргентинскиот пезос падна за повеќе од 20 отсто во понеделникот по резултатите од првичните избори, на кои победи екстремно десничарскиот политичар и економист Хавиер Мајли.

Цената на говедското месо скокна за 20 до 30 отсто.

Ова не е првпат аргентинските власти да прибегнуваат кон прекин на извозот на месо за да ги регулираат цените на домашниот пазар.

Слична одлука беше спроведена во пролетта 2021 година поради континуираните поскапувања.