Аргентина ќе реструктуира долг од 65 милијарди долари

36

Властите во Аргентина постигнаа договор со кредиторите за реструктуирање на државниот долг од 65 милијарди долари, по двомесечна пауза во преговорите, јавуваат странските медиуми.

Веднаш штом е објавена оваа информација, забележан е пораст на еврообврзниците што ги издаде Аргентина, со што се очекува дополнителен прилив во државната каса.

Разговорите со кредиторите запреа во јуни кога официјален Буенос Аирес објавен дека не може да ги исполни условите што ги нудат кредиторите.

Аргентина, што важи за трета најсилна економија во Јужна Америка, веќе неколку месеци доцни со плаќање на своите обврски по основа на продадени обврзници во вредност од неколку милијарди долари, поради последиците што врз економијата ја остава пандемијата.

И пред да ескалира состојбата, Аргентина се соочуваше со финансиски потешкотии при сервисирање на долговите, како и раст на невработеноста и сиромаштија на населението.

Фото: Freepik