Аргентина тоне сè подлабоко: Инфлацијата до крајот на годината ќе достигне неверојатни 169,3 отсто

66

Годишната стапка на инфлација во Аргентина до крајот на годината се очекува да достигне 169,3 отсто, се вели во објавената проценка на Централната банка на земјата.

Станува збор за нагло зголемување на инфлацијата во однос на проценката што ја објави банката минатиот месец, по острата девалвација на локалната валута, пезосот, пренесува Ројтерс.

Оценката на Централната банка покажа и дека месечната стапка на инфлација за септември се очекува да биде 12 отсто, а потоа да забави до 9,1 отсто во октомври.

Месечната инфлација во август достигна 12,4 отсто, што е највисоко ниво на инфлација во Аргентина од 1991 година.