Ариљеметал добитник на наградата Best Brand во машинската индустрија за 2015 година

47

5

Како резултат на остварените резултати – значително зголемен промет и двојно зголемена вредност на извозот, компанијата Ариљеметал доо е добитник на наградата Best Brand во машинската индустрија за 2015 година.

“Сето ова е резултат на инвестициите во нова најсофистицирана опрема, континуирана обука на вработените, како и приемот на нови високообразовани кадри од областа на машинството”, вели Трајан Ангелоски, заменик директор на компанијата и додава дека нивни најголеми извозни пазари се Германија, Австрија, Франција и Велика Британија, а парнети им се гиганти како Siemens, Volkswagen, Mercedes и многу други.

11

Ова е трето по ред признание за 2015 година. Компанијата веќе е наградена со The European Business Awards и признание од Сојузот на стопански комори и претседателот на Република Македонија за најдобар квалитет.

Компанијата, под водство на фамилијата Ангелоски, е една од ретките на Балканот која се занимава со трговија, производство и развој на врзувачки елементи со врвен квалитет, според најстроги стандарди.

12