Армани ќе дизајнира луксузни резиденции на Филипините

40

Познатиот моден креатор Џорџо Армани со своите креативни решенија ќе помогне во дизајнирањето на ентериери во ново луксузно здание на Филипините.

Century-Spire-Armani-Casa-600x383

Како дел од објектот, Century Spire, кој е планиран да се се отвори во 2018, зградата ќе биде лоцирана во Century City, група на облакодери во Макати, Филипини, каде веќе се наоѓаат кула на Доналд Трамп, како и резиденциите Milano за чии ентериери се погрижи модната куќа Версаче.

Century-Spire-poolside-600x382

Главниот архитект на објектот Даниел Либескајнд, креаторот на ремек делата како кулата Светскиот Трговски Центар (One World Trade Center tower) и Еврејскиот Музеј во Берлин, ќе се погрижи за централниот дел на облакодерот, додека тимот на Armani Casa ќе биде одговорен за ентериерите и другите фини завршетоци.

“Ако целта на архитектот е да креира восхитувачки простор, тогаш мојата цел е истиот да го оживеам со естетиката на мојот внатрешен дизајн” потенцира Армани.

Century-Spire-600x974