Арно за еден ден побогат за над пет милијарди долари

50

Претседателот и извршен директор на LVMH Group, Бернар Арно, во еден ден заработи 5,1 милијарди долари, пишува Forbes.

Арно, кој е сопственик на 75 луксузни брендови, вклучувајќи ги Dior, Louis Vuitton и Hennessy, сега има богатство што се проценува на 99 милијарди долари.

Групацијата забележа раст од 17% на продажбата, по што акциите забележаа пораст од 5,6%. Најголем дел од растот на продажбата е забележан во Хонг Конг и покрај протестите што се случуваат во овој автономен кинески град. Во последниот квартал продажбата се зголеми за 12% и тоа во најголем дел од козметички производи.

Инаку, Арно во април стана третиот најбогат човек во светот, пред него се сопственикот на Amazon, Џеф Безос, и првиот човек на Microsoft, Бил Гејтс.

Фото: LVMH Group