Артур Туремка, нов MasterCard менаџер за балканскиот регион

18

ARTUR TP 010Компанијата MasterCard Europe објави дека го назначува Артур Туремка за менаџер на балканскиот регион за пазарот во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Србија и Црна Гора. Исто така, компанијата го објави отворањето на две нови регионални претставништва, и тоа во Белград, Србија и во Софија, Бугарија.

Во MasterCard Туремка доаѓа во 2010 година како Account Manager, и тоа во претставништвото на MasterCard во Варшава, Полска. Пред да и се придружи на компанијата MasterCard, Туремка работи во Секторот за развој на банкарство на мало во Рајфхајзен банка во Полска, а пред тоа работи во Секторот за маркетинг и односи со јавност во компанијата Јагуар и Ленд Ровер, исто така во Полска.

Туремка е Магистер по маркетинг и менаџмент при Варшавскиот универзитет. Понатаму, студирал Бизнис администрација на Универзитетот во Грац, Австрија, а во моментов ги завршува докторските студии од областа на менаџментот, на Економскиот факултет во Варшава.

„Возбуден сум што ќе ја предводам компанијата MasterCard во Балканскиот регион. Уверен сум дека електронското плаќање во регионот ќе продолжи успешно да се развива и во иднина. Отворањето на двете регионални претставништва во Софија и Белград е значаен чекор за понатамошниот развој на нашиот бизнис во регионот и за зајакнувањето на соработката со нашите партнери“, изјави Туремка.