Асфалт направен од рециклирани гуми се поправа сам кога врне

64

Студентот Исраел Антонио Брисењо Кармона од Мексико создаде асфалт од рециклирани гуми којшто има способност сам да се поправи при допир со вода.

За да го создаде иновативниот материјал, тој комбинира гума и специјални адитиви коишто овозможуваат само-регенерација.

Иако веќе постојат асфалти што сами се “крпат“, овој изум е уникатен по тоа што е единствен којшто ја користи водата како катализатор и отпадни гуми како основен елемент.

Кога асфалтот ќе дојде во допир со вода се создаваат калциум силикати коишто придонесуваат за поправање на пукнатини и дупки, пишува Dezeen.

Кармона планира да го патентира материјалот за користење во Мексико. Тој сака да во иднина да отвори своја градежна компанија и да го продава асфалтот и пошироко.

Фото: Pixabay