AstraZeneca двојно си ја зголеми добивката во 2020 година

7

Британско – шведскиот фармацевтски гигант, AstraZeneca евидентираше зголемување на приходите и добивката во 2020 година, благодарение на побарувачката за нови онколошки лекови и биофармацевтски производи. Пандемиската 2020 година ја заврши со повеќе од двојно поголема добивка по оданочување, во висина од 3,14 милијарди долари, додека на крајот на 2019 година прикажа 1,23 милијарди долари добивка.

Приходите бележат пораст од 9% на 26,62 милијарди долари. Најголем е порастот на приходите од продажба на онколошки лекови за 25% на 10,85 милијарди долари. Има пораст и на продажбата на биофармацевтски производи, со раст на приходите за 3% на 7,10 милијарди долари. Приходите од продажба на имунолошки и респираторни лекови се намалени за 1% на 5,36 милијарди долари.

Во фокус на јавноста e вакцината на AstraZeneca против коронавирусот, којшто компанијата по претходните проценки би требало да ѝ донесе 15 милијарди долари приходи во 2021 година.

Фото: Facebook