Британскиот регулатор за заштита на конкурентност на пазарот го истражува преземањето на американскиот производител на лекови Alexion од страна на AstraZeneca, зделка вредна 39 милијарди долари, поради сомневања за можно сузбивање на конкуренцијата на британските или други пазари.
Британската агенција за заштита на конкурентност на пазарот, денеска соопшти дека прима коментари од сите засегнати страни во врска со договорот за преземање, за да ѝ помогне да процени. Крајниот рок за коментари е трети јуни.
Британско-шведската фармацевтска компанија AstraZeneca во декември се согласи да го купи Alexion со досега најскапиот договор во историјата на компанијата, во обид да се прошири од брзорастечкиот бизнис со лекови против рак во лекови за ретки болести и за јакнење имунитет.
Фото: Facebook











